ПРОТЕСТИТЕ ВО САД И НАТАМУ МАСОВНИ, НО СО ПОМАЛКУ НАСИЛСТВО

    ПРОТЕСТИТЕ ВО САД И НАТАМУ МАСОВНИ, НО СО ПОМАЛКУ НАСИЛСТВОИлјадници луѓе маршираа по улиците на Њујорк, и покрај полицискиот час (Фото: Ројтерс)

    Демонстрантите повторно го игнорираа полицискиот час воведен во десетици американски градови, но осмата ноќ од протестите против полициска бруталност и расизам, иницирани од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, поминаа со помалку насилство.

    Илјадници луѓе маршираа по улиците на Њујорк, иако градоначалникот Бил де Блазио го заостри полицискиот час, но ги одби повиците на Доналд Трамп да ја повика на помош Националната гарда. Полицијата почна да апси околу 21 часот и блокираше улици на Менхетн, но немаше големи уништувања како изминатите денови.

    Откако се закани дека ќе ја прати војската на улиците, Доналд Трамп го омекнал ставот, велат извори од Белата куќа и ова уследило откако последните протести во Вашингтон и во останатите градови поминаа главно мирно. Ден откако полицијата го разби мирниот протест пред Белата куќа, демонстрантите овојпат беа задржани подалеку, но немаше тензии.

    Поголеми нереди биле забележани во Портланд и Атланта, каде што полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира