Складиште кое оперираше како дистрибуциски центар на „Амазон“ изгоре во пожар, уништувајќи го целиот комплекс, но никој од вработените не е повреден.
Густ чад и голем пламен можеа да се видат како се издигнуваат од објектот во Редлендс, Калифорнија, додека пожарникарите се бореа со огнот. Снимките од воздух покажаа дека цели делови од комлексот и покривот се урнаа.
Околу 100 вработени на време биле евакуирани на безбедно и никој не е повреден, кажа портпаролот на градот Карл Бејкер.
„Мило ни е што сите се добро. Складиштето беше управувано од компанија која е наш соработник и ние ги поддржуваме низ овој процес“, соопшти „Амазон“.
Оттаму додадоа дека пожарот нема многу да им го наруши работниот процес.