ОХРИД ТЕМЕЛНО ЌЕ СЕ ДЕЗИНФИКУВА ОД ПОСЕТИТЕЛИТЕ ПО КАРАНТИНСКИОТ ВИКЕНД

    ОХРИД ТЕМЕЛНО ЌЕ СЕ ДЕЗИНФИКУВА ОД ПОСЕТИТЕЛИТЕ ПО КАРАНТИНСКИОТ ВИКЕНДВикендов во Охрид има околу 5.000 гости, главно од Скопје, Тетово, Куманово, каде е во тек тридневниот полициски час, и од други градови. (Фото: К. Сејфула)

    По завршување на продолжениот карантински викенд заради заштита од ширење на коронавирусот, ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид, кажаа од Општинскиот кризен штаб.

    Од Кризнот штаб потврдија дека за време на викендов инспекциските служби казниле станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владатаза заштита од КОВИД- 19, без да го прецизираат нивниот број.

    „Поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24-часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од КОВИД-19”, велат од Кризниот штаб.

    Викендов во Охрид има околу 5.000 гости, главно од Скопје, Тетово, Куманово, каде е во тек тридневниот полициски час, и од други градови. Сместени се во викенд-станови и во куќи на охриѓани.

    Во Охрид, каде полицискиот час викендов е секој ден од 16 до 5 часот, досега има 31 заболен од корнавирус, а вчера беше регистрирани пет новозаболени.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира