ВО ВЕЛЕС ЛАНИ СОБРАНО 42 ТОНИ ОТПАДНО СТАКЛО, ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД 2018 ГОДИНА

    ВО ВЕЛЕС ЛАНИ СОБРАНО 42 ТОНИ ОТПАДНО СТАКЛО, ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД 2018 ГОДИНАЗа разлика од лани, во 2018 година било собрано 21,7 тони отпадно стакло додека во првата година на негово организирано собирање во 2017 година биле подигнати само три тони. (Фото: СДК.МК)

    Минатата година во Велес собрани се 42 тони отпадно стакло. Од Општина Велес велат дека од нив 27.861 килограми се од домаќинствата и 14.060 килограми од кафулињата и рестораните.

    За разлика од лани, во 2018 година било собрано 21,7 тони отпадно стакло додека во првата година на негово организирано собирање во 2017 година биле подигнати само три тони.

    „Им благодариме на граѓаните кои се повеќе го прифаќаат концептот за селекција на отпад од пакување, а воедно ги повикуваме да ги пронајдат и да ги користат садовите за отпадно стакло“, рече градоначалникот Аце Коцевски.

    Од Општината објаснуваат дека лани двојно е зголемен бројот каде може да се фрла стакло. Изминатата недела во градот се поставени нови 15, така што вкупната бројка на садови за прибирање на отпадно стакло во Велес е 45.

    Лани имало зголемување и на собраните отпадни батерии, биле собрани 131 килограм, во споредба со 2018 година кога биле собрани 48 килограми.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира