ШТИПСКИТЕ ФОНДOВИ ЗА ЗДРАВСТВО И ЗА ПЕНЗИСКО ЗАТВОРЕНИ ПОРАДИ БОЛНИ СО КОВИД-19

    ШТИПСКИТЕ ФОНДOВИ ЗА ЗДРАВСТВО И ЗА ПЕНЗИСКО ЗАТВОРЕНИ ПОРАДИ БОЛНИ СО КОВИД-19Затворени врати на Фондот за здравство и Фондот за ПИОМ во Штип кои се наоѓаат во иста зграда, каде кај оделни вработени бил утврден КОВИД-19 па речиси сите вработени превентивно се пратени во самоизолација. (Фото: СДК.МК)

    По последните тестирања што викендов се извршија во неколку текстилни фабрики во Штип, бројот на заразените со коронавирус денеска во овој град достигна највисоки ниво во еден ден, 33 лица. Во моментов, во градот се активни 169 случаи. Во петокот, саботата и неделата во неколку конфекции се извршија тестирања на речиси 500 текстилни работници. Но, тестирања имало и во неколку државни институции кои, поради присуството на КОВИД-19 кај неколку вработени, од денеска се затворени.

    На влезната заклучена врата од заедничката зграда на штипскиот Фонд за здравство и Фонд за зензиско (ПИОМ) стојат плакати дека и двата фонда не работат, со известувања дека фондовите чии вработени се во самоизалација по појавата на коронавирус кај дел од вработените од денеска работат од дома па на посебно назначена адреса можат да се упатуваат итните барања.

    „Имавме стрес од тридневниот карантин, а денеска дополнителна грижа ни создаваат затворените врати и на Фондот за здравство и на ПИОМ. Имаме потреба од документи заради заминување во пензија или за обезбедување документи за набавка на разни здравствени помагала и слично, но денеска наидовме на затворени влезни врати од зградата“, велат граѓани кои ги затекнавме пред зградата на Фондот за здравство и на ПИОМ.

    По тридневниот карантин, во Штип се очекува бројот на граѓаните кои имаат потреба од услуги од двата фонда да се зголеми, па не е познато како овие институции ќе одговарат на барањата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира