Во денешното сведочење на судењето за организаторите на нападот во Собранието на 27 април 2017, Александар Василевски-Нинџа кажа дека непосредно по нападот поранешниот државен обвинител Марко Зврлевски бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и таму зборувал со присутните за обвиненија.
„Утредента пак отидов на осмиот кат во ВМРО-ДПМНЕ. Таму беше државниот обвинител Марко Зврлевски, заменичката министерката за правда Билјана Бришкоска и други, збореа за обвиненија, кого да обвинат“, сведочеше Нинџа, кој е неправосилно осуден за учество во нападот на 27 април.
Тој вели дека поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, сега еден од обвинетите, му ветил дека Никола Митревски-Кољо ќе лежи само 9 месеци.
„Кажи му на Кољо дека ќе лежи само 9 месеци, лично ми вети Атанасовски. Потоа ми рекоа 15 месеци. Заради овие овде, лежат оние луѓе онаму по 15 години”, рече Нинџа, кој работел во единицата за следење во Петтата управа на МВР.
За обвинителите Марко Зврлевски, Златко Биковски, Јове Цветановски и Гордана Гешковска рече дека биле под команда на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владимир Атанасовски ми кажа дека тие се подобни, нивни луѓе, а Цветановски му е многу близок”, сведочеше Нинџа.
- БРИШКОВСКА БЕШЕ РАЗОЧАРАНА ШТО АНТОНИЈО, ИЛИЈА И ЈОХАН НЕ ПРЕДИЗВИКАА ИНЦИДЕНТ ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧИ НИНЏА ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НА 27 АПРИЛ
- ВО ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ РАСПРАВАА ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗЕМЕНИ ОД ПРОВИЗИЈА ШТО ТРЕБАЛО ДА ИМ СЕ ДАДАТ НА ДАМОВСКИ, ДУРЛОВСКИ И БЕТМЕН, СВЕДОЧИ НИНЏА НА СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА 27 АПРИЛ
Според сведочењето на Нинџа, Од 28 април натаму започнало масовно бришење на снимки по градот, особено на раскрсници и места каде што се движеле директорот, оперативците и началниците од УБК, кои ја имале главната контрола и команда на нападот на Собранието. Се составувале службени белешки да се оправда присуството на некои од нив во Собранието, па така, во службена белешка било измислено дека УБК наводно биле за српскиот разузнавач Живаљевиќ.
Сведочењето на Нинџа продолжува.
С. К. ДЕЛЕВСКА