Приврзаниците на Доналд Трамп во Флорида го обележаа неговиот 74. роденден со каравани, флотили и паради.
Во областа Палм Бич, каде што Трамп има ресорт, каравани од камиони, мотоцикли и бротчиња возеа по автопатот и морето во повеќе наврати во текот на денот. Организаторите на овие настани беа дел од изборната кампања на Трамп во Флорида. Флотили во чест на Трамп се планирани и во некои други градови во Флорида.
Во исто време, низ Палм Бич се одржа контракараван, на кој се протестираше против расизмот и се бараа реформи на полицијата.
Зборувајќи пред воените питомци во Вест Поинт, Трамп забележа дека неговиот роденден се совпаѓа со 245-годишнината од основањето на американската војска.
„Не знам дали е ова случајно. Сепак е голем ден“, изјави Трамп.