Американската администрација за храна и лекови (ФДА) го повлече лекот против маларија хидроксихлорокин како третман на пациенти со КОВИД-19.
ФДА кажа дека новите клинички тестирања покажале дека нема докази дека тој може да произведе антивирално дејство. Како одговор на ова, Доналд Трамп продолжи да го промовира хидроксихлорокинот како третман за КОВИД-19.
„Јас превентивно го имам земано лекот и немаше споредни ефекти. Го земав две недели и еве ме, добро се чувствувам. Многу луѓе ми имаат кажано дека овој лек им го спасил животот“, изјави Трамп.
Во март, ФДА ја одобри итната употреба на хидроксихлорокинот за лекување на некои сериозни случаи на КОВИД-19. Сега таа вели дека лекот е неефективен во лекувањето на смртоносниот вирус и дека не обезбедува заштита од зараза.