УБИЕЦОТ НА ПОЛИЦАЕЦОТ ВО КУМАНОВО БИЛ НЕПРЕСМЕТЛИВ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УБИЕЦОТ НА ПОЛИЦАЕЦОТ ВО КУМАНОВО БИЛ НЕПРЕСМЕТЛИВ

    Психијатриското вештачење покажало дека Енвер Бајрамовски (33) од Куманово, кој е осомничен за убиството на полицаецот Горан Станишковски (36), е непресметлив, па наместо во притвор во Шутка ќе биде префрлен на психијатриско лекување и чување во здравствена установа.
    „Основното јавно обвинителство  Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по наредба на надлежен јавен обвинител ги подготви ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје. Согледувајќи ги наодите и мислењето кои укажуваат на непресметливост на лицето, јавниот обвинител до Основниот суд – Куманово достави Предлог за определување на мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“, соопшти ОЈО Куманово.
    Истрагата ќе утврди дали има евентуална одговорност на други лица, кои дозволиле Бајрамовски да биде пуштен дома со така сериозна ментална болест.
    Убиството се случи на 30 јули околу 22 часот, кога полицаецот Станишковски со уште тројца колеги и екипа на Брза помош постапувал по пријава на семејно насилство во кумановската населба Средорек. Во обид да го совлада насилникот, полицаецот бил прободен со нож во грбот, и почина. Бајрамовски имал здравствени проблеми и повеќе од 20 години се лекувал во психијатриската болница во Бардовци. Неколку дена пред убиството бил пуштен дома, но откако здравствената состојба му се влошила татко му го вратил назад. Лекарите не го примиле бидејќи немало место во болницата, а сметале и дека здравствената состојба му е добра.
    Бајрамовски 9 месеци бил азилант во Шведска и ги поминал во болница за ментално здравје. Неговите родители раскажуваат дека на средината на минатата година тројцата ја напуштиле државата за подобар живот во странство. Бидејќи не ги исполнувале условите за остварување азил, биле вратени дома, а синот од авион со придружба на лекар и полиција бил пренесен директно во болницата во Бардовци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира