Американската амбасадорка Кејт Брнз по денешната средба со Комисијата за заразни болести преку видеоконференциска врска им се заблагодари на членовите на комисијата за нивните напори да го заштитат здравјето на сите во земјата и да осигураат дека инфицираните од КОВИД-19 ќе добијат нега.
„Денеска американската амбасадорка разговараше со членовите на Комисијата за заразни болести и дискутираше за предизвиците со кои што се соочуваат во нивната секојдневна работа во борбата против КОВИД-19. Таа рече дека заедницата во Амбасадата ги следи нивните препораки за превенција на ширењето на КОВИД-19, вклучувајќи ја важноста на маските, социјалното дистанцирање и миењето раце, и изрази благодарност од страна на Амбасадата за напорите на Комисијата да го заштитат здравјето на сите во земјата и да осигураат дека инфицираните ќе добијат нега“, соопштија од Американската амбасада.
На 9 јуни, Американската амбасада соопшти дека САД преку УСАИД доделија дополнителни 450.000 долари за поддршка на Северна Македонија во борбата против пандемијата на КОВИД-19, со што нивниот вкупен придонес достигна 1,5 милиони долари.