ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ ОТСТРАНУВА БИЛБОРДИТЕ ОД ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ ОТСТРАНУВА БИЛБОРДИТЕ ОД ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИЕкипи од Градот викедов ги отстрануваа рекламните билборди од јавниот простор на улицата Свети Кирил и Методиј. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје почна со ослободување на пешачките и велосипедските патеки од билборди и рекламни паноа. Екипи од Градот викедов ги отстрануваа рекламните билборди од јавниот простор на улицата Свети Кирил и Методиј, со што сега тротоарите кај Старата железнилка станица се проодни и без пречки.

    „Во наредниот период ќе се отстранат 240 билборди поставени на јавни површини низ градот. Со тоа ќе воспоставиме ред во узурпирањето на градот со билборди и рекламни паноа, кои го ограничуваат движењето на пешаците и велосипедистите“, велат од Град Скопје.

    Градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференцијата на 21 мај, на која ја најави оваа акција, кажа дека Скопје е град со најгусто поставени билборди, од кои дел се поставени на локации каде воопшто не треба ниту да ги има.

    „Постигнавме договор со четирите фирми концесионери доброволно да ги отстранат. Во првата зона целосно ќе се ослободи градот од поставени објекти во форма на билборди. Компаниите за трите месеци додека трае вонредната состојба ќе бидат целосно ослободени од надоместокот за закуп на рекламен простор. Потоа бидејќи ќе имаат помалку локации за билборди ќе плаќаат за 20 отсто помала закупнина на Градот“, рече Шилегов.

    Во Скопје има околу 800 билборди. На голем број локации низ градот има и нелегални билборди кои исто така ќе се отстрануваат во наредниот период.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира