РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ОТИ САКААТ УПИС БЕЗ ТЕСТИРАЊЕ

    РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ОТИ САКААТ УПИС БЕЗ ТЕСТИРАЊЕИако поголем дел од присутните носеа маски сепак дистанца од 1,5 метар не се одржуваше.(Фото: К.Попов)

    Ученици заедно со родителите денеска протестираа пред влезот на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, барајќи уште една паралелка за медицински сестри на албански јазик, а не тестирање.

    Поради големиот број на пријавени ученици за овој отсек од училиштето соопштиле дека ќе се врши тестирање, што за учениците и родителите е неприфатливо. Тие бараат по примерот на гимназијата „Орце Николов“ да се формира уште една паралелка за медицински сестри.

    Иако поголем дел од присутните носеа маски сепак дистанца од 1,5 метар не се одржуваше. Бидејќи обезбедувањето на училиштето на можеше да ја контролира ситуацијата, беше повикана и полиција.

    За отсекот медицински сестри на албански јазик се пријавиле 160 ученици, а треба да се примат 102 распореди во 3 паралелки.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира