УШТЕ ТРОЈЦА УЧЕСНИЦИ НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР ВО ЗАДАР ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС, ЃОКОВИЌ РЕШИ ДА СЕ ТЕСТИРА ВО БЕЛГРАД

    УШТЕ ТРОЈЦА УЧЕСНИЦИ НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР ВО ЗАДАР ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС, ЃОКОВИЌ РЕШИ ДА СЕ ТЕСТИРА ВО БЕЛГРАДЃоковиќ немал никакви симптоми, па затоа немал обврска да се тестира веднаш во Задар (Фото: Гети)

    Уште тројца учесници на тенискиот турнир Адрија тур во Задар имаа позитивен тест на коронавирус, меѓу кои и хрватскиот играч Борна Ќориќ.

    Турнирот беше прекинат вчера без да се одигра финалниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов, откако бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е заразен. Тој се повлече од турнирот откако на првиот ден загуби токму од Ќориќ.

    Освен младиот хрватски играч, позитивен тест имале и тренерот на Димитров, Кристијан Дрох и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники. Тестирани се вкупно 22 луѓе кои биле во близок контакт со Димитров.

    Ѓоковиќ не се тестирал во Задар, туку ќе го направи тоа во Белград, каде што се врати веднаш по откажувањето на финалето. Според српските медиуми, Ѓоковиќ немал никакви симптоми, па затоа и немал обврска да се тестира веднаш во Задар.

    Адрија тур е серија ревијални турнири организирани од Ѓоковиќ и по Белград и Задар, уште требаше да се игра во Сараево и Бања Лука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира