Во последното деноноќие починати се уште 8 лица, a регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 од 1.208 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Нови случаи се регистрирани во: Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино -1.
Починати се 8 лица.
Шестмина починаа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Двајца се од Скопје – пациент (56) примен на 11 јуни и пациентка (68) примена на 13 јуни, двајца од Куманово – пациентка (47) примена на 12 јуни и пациентка (59) примена на 14 јуни и двајца од Тетово – пациент (78) примен вчера и пациентка од (47), хоспитализирана на 22 јуни.
Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес.
Во болницата во Битола почина пациент од Кичево (61) хоспитализиран на 21 јуни.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 11 возрасни позитивни на КОВИД-19.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, пациенти, а пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 5.445, оздравени пациенти се 2091, починати се 259, а во моментов активни случаи во земјата има 3.095. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2.667, активни 1.785
• Куманово 709, активни 254
• Дебар 83, активни 31
• Штип 277, активни 186
• Прилеп 238, активни 19
• Тетово 582, активни 338
• Струга 182, активни 102
• Велес 172, активни 32
• Битола 43, активни 14
• Охрид 124, активни 104
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 92, активни 53
• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 13, активни 9
• Крива Паланка 12, активни 6
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 62, активни 27
• Пробиштип 13, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 10, активни 6
• Ресен 73, активни 72
• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1208 теста се преку: ИЈЗ –506, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –102, Биотек –108, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -205, Судска медицина-6 и Систина со ПЦР метода -171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини воСкопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 413
• Аеродром – 135
• Бутел – 136
• Гази Баба – 149
• Центар – 127
• Карпош – 124
• Сарај – 141
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 89
• Шуто Оризари – 72
• Арачиново – 49
• Илинден – 33
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-3