ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ПО ТРЕТПАТ ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА, СЕГА ПОРАДИ САМИТ НА ЕУ

    ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ПО ТРЕТПАТ ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА, СЕГА ПОРАДИ САМИТ НА ЕУМете Фредериксен вели дека има среќа што нејзиниот партнер Бо Тенгберг е многу трпелив (Фото: Гети)

    Данската премиерка Мете Фредериксен по третпат ја одложи својата венчавка, со цел да присуствува на самит на Европската Унија. На самитот во Брисел што ќе се одржи на 17/18 јули ќе се дискутира за предлозите за фонд за заздравување од пандемијата на коронавирусот.

    Фредериксен на 18 јули требаше да се мажи за својот партнер Бо Тенгберг, но кажа дека мора да ги штити интересите на Данска, која се спротивставува на плановите да им се понудат грантови на земји кои се тешко погодени од коронакризата.

    Данска, заедно со Шведска, Австрија и Холандија, смета дека предложениот фонд од 750 милијарди евра е преголем и инсистира дека сите дадени пари треба да бидат вратени. Тоа ќе биде прв самит од почетокот на коронакризата на кој лидерите на Унијата лично ќе присуствуваат.

    „Едвај чекам да се омажам за овој прекрасен човек. Но, очигледно, тоа не оди лесно, а сега и средбата на Европскиот совет во Брисел е закажана токму на денот на нашата планирана венчавка. За среќа, мојот партнер е многу трпелив“, напиша Фредериксен на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира