МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ШВЕДСКА ДО 31 АВГУСТ

    МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ШВЕДСКА ДО 31 АВГУСТШведска од 4 јули ќе им дозволи влез на жителите на 14 „безбедни“ држави (Фото: Ројтерс)

    Шведската влада ги продолжи ограничувањата за патувања во земјата до 31 август, што ќе се однесува и на македонските државјани.

    Оваа мерка беше воведена во март за да се спречи ширењето на коронавирусот и исклучок од сегашната одлука ќе бидат истите 14 „безбедни“ држави кои се најдоа на последната листа на Европската Унија: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

    Владата кажа дека ја донела одлуката на препорака на Европскиот совет.

    „Забраната за влез нема да се однесува на новите жители и студентите кои допрва треба да се преселат во земјата“, појасни владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира