ДИРЕКТОРКАТА НА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС

    ДИРЕКТОРКАТА НА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУСВо Кумановската болница од почетокот на кризата беа заболени повеќе од сто здравствени работници, а голем дел беа во изолација; - Директорката Снежана Захариева. (Фото: СДК.МК)

    Директорката на Општа болница Куманово Снежана Захариева е позитивна ка ковид-19. Таа информацијата ја објави на својата фејсбук страна.
    „Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома. Пет месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се“, напиша Захариева.

    Таа тестот го направила вчера напладне во МАНУ и резултатот брзо стигнал.

    Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

    Во Кумановската болница од почетокот на кризата беа заболени повеќе од сто здравствени работници, а голем дел беа во изолација.

    С. НИКОЛИЌ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира