Дијалогот помеѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската Унија ќе продолжи на 12 јули во Брисел, објави Европска комисија. Србија ќе ја претставува претседателот Александар Вучиќ, а Косово премиерот Авдулах Хоти.
Овие преговори беа прекинати во ноември 2018.
„На овој состанок ќе продолжат преговорите за постигнување сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Средбата ќе се одржи два дена по видеосамитот на ЕУ во Париз, на кој исто така ќе присуствуваат Вучиќ и Хоти.
Белата куќа исто така се понуди да посредува во преговорите помеѓу Белград и Приштина, но закажаниот состанок на 27 јуни беше откажан откако Хаг покрена обвинение за воени злосторства против претседателот на Косово, Хашим Тачи.