КOMБE СО МИГРАНТИ УДРИ ВО ТРИ КОЛИ ВО СТРУМИЦА, ИМА И ПОВРЕДЕНИ

    КOMБE СО МИГРАНТИ УДРИ ВО ТРИ КОЛИ ВО СТРУМИЦА, ИМА И ПОВРЕДЕНИКомбето најпрво удрило во работниците на улицата и изгубило контрола, по што се судрило со кола што се движела пред него и во две паркирани возила. Паралелно однел и еден електричен столб.(Фото: СДК.МК)

    Комбе со кочански регистарски ознаки кое превезувало мигранти денеска напладне со огромна брзина удри во три патнички моторни возила на улицата Младинска во Струмица. Дел од возилата биле паркирани и се дoста оштетени од силниот удар на комбето, а повеќето од мигрантите успеале да избегаат. Според очевидци комбето се движело по Младинска најверојатно бегајќи да не бидат забележани и фатени од полиција. Тврдат дека се движело со брзина околу 100 километри од час. Од брзината најпрво удрило во рабниците на улицата и изгубило контрола, по што се судрило со кола што се движела пред него и во две паркирани возила. Паралелно однел и еден електричен столб.

    „Слушнавме силен тресок. Видовме како комбето силно се движи и удира во возила на улицата. Откако застана по неколкуте удари дел од мигрантите почнаа да бегаат од комбето, а ги имаше околу педесетина. Дел од нив излегоа на коловозот повредени. Веднаш дојде полицијата“, раскажуваат очевидци.

    Полицијата во моментов врши увид и не соопштуваат детали.

    Синоќа пак пред полноќ припадниците на Регионалниот центар за гранични работи Југ од Гевгелија во камион со полуприколка откри 211 мигранти. Биле превезувани во тешко моторно возило со скопски регистарски таблици додека полуприколката била со струмички, Мигрантите биле откриени на патниот правец Богданци Гевгелија кај раскрсницата што води кон населеното место Богородица скриени во полуприколката. 159 до нив биле од Бангладеш а 52 од Пакистан. Возачот на камионот бил лишен од слобода. Според првичните информации регистарските ознаки на камионот со полуприколката биле со крадени и не припаѓале на возилото.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира