ДВАЕСЕТ И ПЕТ НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО СВЕТИ НИКОЛЕ ЗА ЕДЕН ДЕН,  ЗАТВОРЕНА ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА

    ДВАЕСЕТ И ПЕТ НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ВО СВЕТИ НИКОЛЕ ЗА ЕДЕН ДЕН,  ЗАТВОРЕНА ТЕКСТИЛНА ФАБРИКАВкупно ковид позитивни во Општината Свети Николе се 79. (Фото: Википедија)

    Од досега добиените резултати, од 208 тестирани вработени во модна конфекција во Свети Николе 19 лица  биле позитивни на ковид-19, а имало и шест други случаи на граѓани од Општината, соопшти Центарот за јавно здравје  Велес, подрачна единица Свети Николе. До вчера, од оваа конфекција имаше 15 позитивни, а со новите 19 сега се 34, додека вкупно позитивни во Општината Свети Николе се 79.  Фабриката од денеска времено престанеа со работа, а останатите  630  вработени ќе  бидат тестирани.

    „Државниот здравствен и санитарен инспекторат е во постојан контакт со Центарот за јавно здравје Велес, иако како кластер конфекцијата е времено затворена, је следиме состојбата со оглед на тоа што таму има организиран превоз на текстилни работнички“, рече  директорката на Инспекторато д-р Ирина Сотирова-Бухова.

    Трет случај на позитивен на ковид-19 се јави и во голема странска фабрика близу Кавадарци.

    „Маж на возраст од 55 години од Кавадарци, е нов случај во оваа странска компанија. Тој е на домашно лекување“, кажа Центарот за јавно здравје Велес, подрачна единица Кавадарци.

    Во Кавадарци има 16 активни случаи на лица со коронавирус.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира