НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ УАПСЕН ГОСТИВАРЕЦ КОЈ НА ФЕЈСБУК МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ

    НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ УАПСЕН ГОСТИВАРЕЦ КОЈ НА ФЕЈСБУК МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИМ.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата.(Фото: ТАВ)

    Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје приведен е 28-годишниот М.М. од Гостивар, кој на Фејсбук му се заканувал на премиерот Оливер Спасовски.

    „На 6 јули годинава против М.М. (28) е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ‘загрозување на сигурноста‘, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик. М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата. М.М. е предаден на Полициската станица Гостивар каде е задржан и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар“, соопштува портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Дознаваме дека М.М., додека бил во странство, на една изјава на техничкиот премиер Оливер Спасовски, објавена на социјалните мрежи, напишал коментар во кој упатил закана со смрт кон Спасовски.

    Казната затвор за кривичното дело „загрозување на сигурноста“ е од 1 до 5 години затвор.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира