Битола од почетокот на пандемијата до денес бележи рекорден број на 11 лица во еден ден позитивни на ковид-19. Во изминатите четири месеци бројот на заразени на дневна основа беше најмногу до тројца.
Од Центарот за јавно здравје соопштија дека од вкупниот број на денешни пријавени случаи, пет припаѓаат на веќе познат кластер поврзан со работна организација, три дале податок за контакт со позитивно лице, а уште толку не дале податок за поврзаност.
Најголем број од новозаболените, петмина, се на возраст од 50-59 години, тројца од 20-29 години и по еден од возрасните групи 30-39, 40-49 и 60-69 години. Од контактите на денешните регистрирани случаи во Битола, за 24 лица е даден предлог до Државен санитарен и здравствен инспекторат за здравcтвен надзор и домашна изолација.
Во Битола од појавата на коронавирусот до денес евидентирани се 84 заболени, од кои кај 41 лице болеста е во тек. Од нив 12 се хоспитализирани, а 29 на домашно лекување. Денес е оздравено едно лице од Битола кое беше заразено со ковид-19.
Ж. ЗДРАВКОВСКА