Со зурли и тапани и оро пред седиштето во Мала Речица ДУИ ја прослави победата односно освоените 12 мандати. Победата ја прогласи лидерот на ДУИ Али Ахмети кој оцени дека се обезбедени 100.000 гласови и 12 мандати.
„Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму. Албанците нема да бидат разочарни од нас. Ние обезбедивме над 100 илјади гласови, 12 мандати, а се очекува уште еден 13-ти. Благодарен сум што имав можност да ја соопштам оваа најдобра вест за Албанците и апсолутна победа“, изјави Али Ахмети пред партиското седиште во Мала Речица.
Според него, ДУИ најдобри резултати постигнала во изборните единици 1, 2, 5 и 6.
Во Тетово славеше и СДСМ пред партиското седиште. Со огномет и запалени факели се прослави постигнатиот резултат. Низ главните градските улици се движи река автомобили со партиски знамиња на СДСМ и на ДУИ.
З. АНДОНОВ