ДИК СИ Е КРИВА ШТО ИМ ПАДНА СЕРВЕРОТ, АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ РАБОТИ БЕСПРЕКОРНО, ВЕЛИ АЛЕКСАНДАР ПАЈКОВСКИ ОД „ДУНА“

    ДИК СИ Е КРИВА ШТО ИМ ПАДНА СЕРВЕРОТ, АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ РАБОТИ БЕСПРЕКОРНО, ВЕЛИ АЛЕКСАНДАР ПАЈКОВСКИ ОД „ДУНА“Веб сајтот на ДИК rezultati.sec.mk е паднат од синоќа по затворањето на избирачките места во 21 часот и сè уште нема профункционирано. (Фото: принтскрин/ДИК)

    Компјутерската фирма „Дуна“, која ја изработи апликацијата за изборните резултати на веб сајтот на Државната изборна комисија, вели дека нема никаква вина што е паднат серверот на ДИК и сè уште не можат да се дознаат конечните резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори.

    „’Дуна’ најзаконски ја продаде апликацијата за избори на Државната изборна комисија, според Законот за јавни набавки. ‘Дуна’ нема никакво влијание на одржувањето на серверот на ДИК и неговата заштита, тоа е во надлежност на ДИК. Апликацијата си работеше и сè уште си работи беспрекорно. И кога падна серверот ние ги пренесувавме резултатите во живо на Јутјуб“, вели Александар Пајковски од „Дуна“ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Веб сајтот на ДИК rezultati.sec.mk е паднат од синоќа по затворањето на избирачките места во 21 часот и сè уште нема профункционирано. Засега нема најава кога би проработел сајтот.

    Од ДИК нема најава ни дали ќе има и кога ќе има резултати од изборите.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира