АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ИЗБОРИТЕ Е БЕСПРЕКОРНА, ЦЕЛ СМЕ НА СОФТВЕРСКИ ТЕРОРИЗАМ ОД СТРАНСКИ СИЛИ, ВЕЛАТ ОД „ДУНА“

    АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ИЗБОРИТЕ Е БЕСПРЕКОРНА, ЦЕЛ СМЕ НА СОФТВЕРСКИ ТЕРОРИЗАМ ОД СТРАНСКИ СИЛИ, ВЕЛАТ ОД „ДУНА“„Ние успешно ја завршивме работата, но страницата на Државната изборна комисија, беше цел на хакерски напад преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави“, велат од „Дуна“. (Фото: Принтскрин ДИК)

    Апликацијата за следење на резултатите од изборите е беспрекорна, проблемот се јави затоа што страната беше хакирана, велат од компјутерската фирма „Дуна“ откако од вчера од 21 часот сајтот на Државната изборна комисија не функционира.

    Денеска од компанијата испратија соопштение до медиумите преку овластена ПР агенција, во кое тврдат дека станува збор за врвно изработена страна, која во текот на денот давала беспрекорни резултати на секои 5 минути за излезноста на гласачите.

    „Ние успешно ја завршивме работата, но страницата на Државната изборна комисија, беше цел на хакерски напад преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно“, вели Александар Пајковски од „Дуна“.

    Од таму велат дека апликацијата била подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на ДИК.

    Страната на ДИК изработена од „Дуна“ за резултатите од изборите уште не работи.

     А. АНТЕВСКА    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира