ТРЕТ ДЕН НЕ МОЖЕ ДА ПРОРАБОТИ САЈТОТ НА ДИК

    ТРЕТ ДЕН НЕ МОЖЕ ДА ПРОРАБОТИ САЈТОТ НА ДИКСајтот падна во средата веднаш по затворањето на избирачките места во 21 часот и оттогаш повремено проработува, но брзо го снемува. (Фото: принтскрин/ДИК)

    Веб сајтот на Државната изборна комисија (ДИК) со резултатите од предвремените парламентарни избори и денеска не е функционален. Сајтот падна во средата веднаш по затворањето на избирачките места во 21 часот и оттогаш повремено проработува, но брзо го снемува. Во моментов, може да се пристапи до сајтот, но ги нема резултатите, само излезноста.

    Претседателот на ДИК Оливер Деркоски тврди дека во средата вечер биле цел на хакерски напад, но нападот бил пријавен во МВР утредента.

    Според еден од условите во јавната набавка за софтвер на ДИК, направена непосредно пред изборите, понудувачот треба да има искуство со веб сајт кој што имал најмалку 10.000 прегледи во период од еден час. За избори, сајтот на ДИК треба да биде изработен да издржи барем десеткратно повеќе прегледи.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира