УШТЕ 22 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 165 СЛУЧАИ ЗА ДЕСЕТИНА ДЕНА, ГЛАВНО ОД ДВЕ ФАБРИКИ

    УШТЕ 22 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 165 СЛУЧАИ ЗА ДЕСЕТИНА ДЕНА, ГЛАВНО ОД ДВЕ ФАБРИКИСите 850 вработени во двете конфекциски фабрики се тестирани за коронавирусот, поради што нема да работат до понеделник, до кога се очекува да стигнат сите резултати; - Свети Николе. (Фото: Фејсбук)

    Расте бројот на лица позитивни на ковид-19 во Свети Николе, денес се регистрирани 22 нови случаи, со што  активни се 165.

    „Од новозаразените се 18 вработени од модната конфекција која е затворена и 4 лица се нивни блиски, членови на семејствата“, изјавија од Центарот за јавно здравје Велес, подрачна единица Свети Николе.

    Сите 850 вработени во двете конфекциски фабрики се тестирани за коронавирусот. Поради тоа тие нема да работат до понеделник, до кога се очекува да стигнат сите резултати од тестираните вработени.

    „Од двете фабрики, 80 отсто од позитивните случаи се асимптоматски, доколку не го направевме скринигот заразата ќе се ширела во погоните. Одлуката што ја донесовме за скринингот е добра и во моментов чекаме резултати за останатите работници“, изјави за директорот на двете конфекции.

    Дел од заразените од Свети Николе се сместени на Инфективна клиника во Штип, дел на Инфективно одделение од Велешката болница.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира