НОСЕЊЕТО МАСКА Е ПАТРИОТСКИ ЧИН, ВЕЛИ ТРАМП

    НОСЕЊЕТО МАСКА Е ПАТРИОТСКИ ЧИН, ВЕЛИ ТРАМПАмериканците одржуваа и протести против заштитни маски и други рестриктивни мерки (Фото: Шатерсток)

    Доналд Трамп целосно го смени ставот за заштитните маски и во еден од своите последни твитови напиша дека нивното носење е патриотски чин.

    „Обединети сме во нашите напори да го победиме невидливиот кинески вирус. Многумина велат дека е патриотски да се носи заштитна маска кога не може да се одржува социјална дистанца. Нема поголем патриот од мене, вашиот омилен претседател“, вели Трамп.

    Американскиот Центар за контрола на болести и превенција уште пред три месеци кажа дека прекривањето на лицето може да помогне да се намали ризикот од ширењето на коронавирусот, но Трамп во минатото ги исмеваше оние кои носат маска. Тој првпат се појави со маска во јавност пред десетина дена, кога посети воена болница.

    Трамп исто така кажа дека повторно ќе почне редовно да одржува брифинзи за коронавирусот, што ненадејно ги прекина во април. Во САД досега има над 3,8 милиони случаи на коронавирус, а починале 141.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира