Дедото на првообвинетиот за измамата со Меѓународниот сојуз Бојан Јовановски-Боки 13 бил партизан, работел во полиција и бил прв директор на истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, каде што е Боки 13 е во притвор една година.
Противејќи се на обвинението на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во целост, адвокатот Сашо Дуковски посебно се задржа на таткото на Боки 13, Миле Јовановски, кој во овој процес е обвинет за перење пари, но и за недозволено држење на оружје во домот.
„Не знам откај 3 пиштоли биле најдени кај Миле Јовановски. Добро знае обвинителката дека едниот е неисправен, а другиот е трофеј, сопственост на покојниот татко на Миле, кој цел живот бил партизан, работел во полиција, а бил еден од првите, ако не и прв директор на истражниот затвор во Шутка”, рече адвокатот.
За Миле Јовановски кажа дека во животот на мравка немал згазено.
С. К. ДЕЛЕВСКА