Боксерската легенда Мајк Тајсон го потврди своето враќање во ринг по 15 години пауза, а неговиот противник ќе биде поранешниот светски првак во четири категории Рој Џонс Џуниор. Тоа ќе биде егзибициски меч, што ќе се одржи во Лос Анџелес на 12 септември.
Педесет и четиригодишниот Тајсон за последен пат боксуваше професионално во 2005 година, кога загуби од Ирецот Кевин Мекбрајд, што му беше шестиот пораз во 50 мечеви во кариерата. Борбата Тајсон-Џонс ќе има осум рунди.
„Тоа ќе биде како борба на Давид и Голијат“, изјави 51-годишниот Џонс, кој се повлече во 2018.
Тајсон стана најмладиот светски првак во тешка категорија кога на 20 години го нокаутираше Тревор Бербик во 1986 година.