КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО ШТИП ЗАШТО ГАЗДИТЕ НА ТЕКСТИЛНИТЕ ФАБРИКИ ШТЕДАТ НА ЗАШТИТНИ МЕРКИ, ВЕЛИ „ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“

    КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО ШТИП ЗАШТО ГАЗДИТЕ НА ТЕКСТИЛНИТЕ ФАБРИКИ ШТЕДАТ НА ЗАШТИТНИ МЕРКИ, ВЕЛИ „ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, ги предупреди и институциите и стопанските субјекти и вработените во нив дека градот и неговиот здравствен систем може да колабира па затоа мора да има максимална лична и колективна одговорност со заштитата од ковид-19< - Од средба на Бочварски и Кристина Ампева од „Гласен текстилец“. (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Штип има 25 новозаразени со коронавирус, а вчера беа 18. Двоцифрен број на новозаразени, од 15 до 60 како пред една недела, во Штип има веќе две недели. Марија Димитрова од Центарот за јавно здравје потврдува дека поголемиот дел од позитивните се од штипските конфекции, но како што вели, не може да навлегува во тоа зошто штипскиот текстилен кластер се издвојува од останатите заразени кластери кои се инцидентни.

    Невладините организации кои ги штитат правата на текстилните работници причината за ваквиот здравствен сооднос ја сведуваат на неодговорноста на сопствениците на фабриките и нивниот обид да ги намалуваат трошоците, но како што соопшти граѓанското здружение „Гласен текстилец“, тоа никако не смее да биде на сметка на здравствената заштита на вработените, во смисла на тоа што Штип со 50 илјади жители има 60 проценти повеќе заболени од бројот на заразените, на пример, во Скопје.

    Немоќни се и општинските власти. Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, на прес-конференција јасно и гласно ги предупреди и институциите и стопанските субјекти и вработените во нив дека сите поединечно, но и колективно мораат да го запалат црвеното светло и максимално да ги преземат сите потребни мерки за да не се доведе Општината до некаков колапс, посебно на изнамоштениот здравствен систем што може да биде фатално за сите.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира