СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ СОМНЕВА ВО ПОЈАВАТА НА ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ДОСЕГА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ СОМНЕВА ВО ПОЈАВАТА НА ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ДОСЕГАВо Северна Кореја е задолжително да се носи маска (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја го пријави она што го опиша како прв можен случај на коронавирус во земјата досега. Државната новинска агенција КЦНА објави дека лице кое пред три години пребегнало во Јужна Кореја минатата недела се вратило во земјата со симптоми на ковид-19.

    Лидерот Ким Џонг-ун одржал итен состанок со своите најблиски соработници, воведувајќи карантин во пограничниот град Каесонг.

    Северна Кореја досега тврдеше дека нема случаи на коронавирус, но аналитичарите сметаат дека тоа е малку веројатно. Таа ги затвори своите граници и стави илјадници луѓе во изолација пред шест месеци.

    „Ким нареди максимален вонреден систем за да се скроти вирусот. Тој покрена истрага за да се открие како лицето успеало да ја помине силно утврдената граница, најавувајќи жестоки казни за оние кои направиле пропуст“, објави КЦНА.

    Јужна Кореја кажа дека во изминатите денови немало нелегални поминувања на линијата на разграничувањето.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира