Прославениот јапонски моден дизајнер Кансаи Јамамото, познат по своите авангардни колекции и соработката со Дејвид Боуви, почина на 76 години од леукемија.
Јамамото правеше разнобојни креации, во кои вклучуваше традиционални јапонски дизајни и во 1971 година стана прв јапонски моден креатор кој одржал ревија на Лондонското модно шоу. После таа ревија, која доби одлични критики, Јамамото почнал да дизајнира костими за Боуви, вклучувајќи ги и оние за неговото алтер его Зиги Стардаст.
Во интервју од 2016 година, Јамамото откри дека Боуви се заинтересирал за неговата работа откако ги видел неговите женски креации во Лондон.
„За среќа, Дејвид имаше многу тенко тело и тие совршено му одговараа, без преработување“, кажа Јамамото.
Тој дизајнираше најразлични креации за концертите на Боуви, помагајќи му да ги оживее своите други личности, како Зиги Стардаст.
„Мојата облека стана дел од Дејвид, од неговите песни и музика. Тие станаа дел од пораката што тој ја пренесуваше во светот“, се присети Јамамото.
Освен Боуви, тој работеше и за други музички ѕвезди, како Елтон Џон и Стиви Вондер.