КОГА 20 ДЕНА СИ САМ, СЕШТО ТИ ПОМИНУВА НИЗ ГЛАВАТА, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ ТЕНИСЕР ДИМИТРОВ ЗА СВОЈАТА БОРБА СО КОВИД-19

    КОГА 20 ДЕНА СИ САМ, СЕШТО ТИ ПОМИНУВА НИЗ ГЛАВАТА, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ ТЕНИСЕР ДИМИТРОВ ЗА СВОЈАТА БОРБА СО КОВИД-19Димитров се зарази минатиот месец на егзибицискиот турнир во Задар, што го организираше Новак Ѓоковиќ (Фото: АП)

    Бугарскиот тенисер Григор Димитров откри детали за својата борба со ковид-19 и кажа дека справувањето со физичките и менталните ефекти на болеста воопшто не било забавно.

    Димитров се зарази со уште неколкумина тенисери и тренери на егзибицискиот турнир во Задар, што го организираше Новак Ѓоковиќ. Тој откри дека целото искуство многу го потресло и дека сѐ уште ги чувствува последиците.

    „Заздравувањето не оди лесно. Вирусот силно ме удри. Останав дома цел месец. Не можев нормално да дишам, не се чувствував добро, постојано бев уморен. Ги имав сите симптоми. Немав чувство за мирис и вкус, сѐ што можете да замислите. Така што, не беше забавно“, вели Димитров.

    Тој вели дека изгубил три килограми и дека не е сигурен дали ќе може да игра на Отвореното првенство на САД.

    „Дваесет дена бев сосема сам. Поминав околу 5.000 часови сам со себеси. Многу работи ти поминуваат низ главата. Колку и да сте ментално силни, неизбежно е да имате лоши мисли. Тоа е една од моите најважни пораки: не ја потценувајте менталната состојба на оние кои го преживуваат вирусот“, порача Димитров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира