ОД КОВИД-19 ПОЧИНА 27-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД БИТОЛА, КАКО ДЕТЕ ИМАЛ МАЛИГНО ЗАБОЛУВАЊЕ

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНА 27-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД БИТОЛА, КАКО ДЕТЕ ИМАЛ МАЛИГНО ЗАБОЛУВАЊЕ27-годишноto момче бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. (Фото: K. Попов)

    На Инфективната клиника во Скопје почина 27-годишно момче од Битола, кое претходно се лекувало од малигно заголување, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за здравство.

    „Починатиот пациент 27 годишно момче, хоспитализиран бил на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест“, ни рекоа од Министерството за здравство.

    Пред да биде префрлено во Скопје, момчето беше лекувано и во Клиничката болница во Битола. Работеше во познато кафуле во градот, а по појавата на симптомите кај него, од кафулето објавија на интернет дека времено нема да работат.

    Ова е четврта жртва од Битола со ковид-19.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира