ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ УЧЕНИЦИТЕ ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ ОДАТ ВО ШКОЛО, А ОСТАНАТИТЕ ЌЕ УЧАТ ОНЛАЈН, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ УЧЕНИЦИТЕ ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ ОДАТ ВО ШКОЛО, А ОСТАНАТИТЕ ЌЕ УЧАТ ОНЛАЈН, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕУчилиштата и градинките се затворени од 10 март, а властите на две недели пред почетокот на школската година сѐ уште немаат заеднички став за тоа како ќе се одвива наставата; - Центарот на Скопје. (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести денес на претставници на Министерството за образование и наука (МОН) им предложила учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, објави МИА.

    Министерот за здравство Венко Филипче вели дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

    „За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие jа aжурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи“, изјави министерот.

    Училиштата и градинките се затворени од 10 март, а властите на две недели пред почетокот на школската година сѐ уште немаат заеднички став за тоа како ќе се одвива наставата.

    Министерот за образование и наука Арбер Адеми вчера кажа дека ако нема функционално Собрание, може да дојде да се одложи почетокот на учебната година, иако сѐ уште нема одлука за тоа како ќе почне учебната година од 1 септември.

    „За да може да почне школската година, потребно е да се донесат законски измени, а за тоа да се случи, мора да имаме функционално Собрание. Тие се подготовени од наша страна. Но , кога ќе се усвојат, зависи од Собранието. Почетокот на школската година ќе зависи од епидемиолошката состојба и од Собранието. Ние предлагаме часот во основното образование да се скрати од 45 на 30 минути, а во средното од 45 на 35. За да се усвои тоа, ни треба Собрание. Јас се залагам за физичко присуство, но тоа е мој личен став“, рече Адеми.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира