2 ПОЧИНАТИ, СО НОВИТЕ 141 СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД 1.848 ТЕСТА, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 3.163 АКТИВНИ ЗАБОЛЕНИ

    2 ПОЧИНАТИ, СО НОВИТЕ 141 СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД 1.848 ТЕСТА, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 3.163 АКТИВНИ ЗАБОЛЕНИВкупнo ковид дијагностицирани во земјава има 12.357, од кои оздравеа 8.662, починаа 532, а активни случаи се 3.163; - Возило на Брза помош во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Осумдесет и осумгодишен скопјанец почина по компликации од ковид-19 во болница, а 80-годишна пациентка од Кичево вон болница, а од 1.848 тестови, регистрирани се 141 нов случај на ковид-19, стои во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1.

    Вкупнo ковид дијагностицирани во нашата земја има 12.357, оздравеа 8.662, починаа 532, а активни случаи се 3.163. Денес се евидентира еден контролен тест.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5.287, активни 1.067
    • Куманово 1.214, активни 258
    • Дебар 223, активни 124
    • Штип 1017, активни 301
    • Прилеп 348, активни 33
    • Тетово 1103, активни 168
    • Струга 494, активни 160
    • Велес 238, активни 25
    • Битола 178, активни 77
    • Охрид 303, активни 76
    • Кавадарци 143, активни 107
    • Гостивар 610, активни 294
    • Гевгелија 27, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
    • Струмица 47, активни 31
    • Крива Паланка 28, активни 14
    • Радовиш 36, активни 9
    • Крушево 16, активни 3
    • Кочани 124, активни 32
    • Пробиштип 66, активни 20
    • Демир Хисар 50, активни 31
    • Македонски Брод 61, активни 47
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 11, активни 7
    • Валандово 7, активни 1
    • Виница 42, активни 38
    • Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 15, активни 3
    • Свети Николе 253, активни 78
    • Кичево 225, активни 125
    • Ресен 146, активни 10
    • Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.848 теста се преку: ИЈЗ-792, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-168, Биотек-140, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Систина со ПЦР метода -221, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-9, ГАК-16. Досега во земјата се направени вкупно 120.950 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 150
    • Аеродром – 132
    • Бутел – 65
    • Гази Баба – 120
    • Центар – 90
    • Карпош – 108
    • Сарај – 39
    • Кисела Вода – 89
    • Ѓорче Петров – 76
    • Студеничани – 33
    • Шуто Оризари – 85
    • Арачиново – 20
    • Илинден – 20
    • Петровец – 8
    • Чучер Сандево – 9
    • Сопиште – 11
    • Зелениково- 6
    • Странец – 3
    • Нераспределен – 3

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира