ПУТИН МУ КАЖА НА ЛУКАШЕНКО ДЕКА РУСИЈА ЌЕ МУ ПОМОГНЕ ВОЕНО АКО ИМА ПОТРЕБА

    ПУТИН МУ КАЖА НА ЛУКАШЕНКО ДЕКА РУСИЈА ЌЕ МУ ПОМОГНЕ ВОЕНО АКО ИМА ПОТРЕБАЛукашенко вели дека Белорусија ќе умре како држава ако има нови избори (Фото: Ројтерс)

    Владимир Путин во денешниот телефонски разговор му кажал на Александар Лукашенко дека ако има потреба, Русија е подготвена да ѝ помогне на Белорусија согласно колективен воен пакт, објави Кремљ. Оттаму додаваат дека врз Белорусија се врши надворешен притисок, без да посочат од кого.

    Лукашенко се соочува со најголемиот предизвик во своето 26-годишно владеење откако беше обвинет за местење на изборите на 9 август, на кои што, според државната изборна комисија, освоил над 80% од гласовите. Најмалку двајца демонстранти се убиени, а илјадници се уапсени во досегашните протести, додека за денеска е најавен најголем антирежимски марш досега.

    Лукашенко кажа дека тенковите на НАТО се распоредени на 15 минути од белоруската граница.

    „Војската на НАТО е пред нашите врати. Литванија, Летонија, Полска и Украина ни наредуваат да одржиме нови избори. Ако има нови избори, Белорусија ќе умре како држава“, изјави Лукашенко на денешниот провладин протест.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира