ХАШКИОТ СУД ПРЕСУДИ ДЕКА ХЕЗБОЛАХ И СИРИЈА НЕ БИЛЕ ВМЕШАНИ ВО УБИСТВОТО НА БИВШИОТ ЛИБАНСКИ ПРЕМИЕР ХАРИРИ ВО 2005

    ХАШКИОТ СУД ПРЕСУДИ ДЕКА ХЕЗБОЛАХ И СИРИЈА НЕ БИЛЕ ВМЕШАНИ ВО УБИСТВОТО НА БИВШИОТ ЛИБАНСКИ ПРЕМИЕР ХАРИРИ ВО 2005Во бомбашкиот напад на конвојот на Харири во центарот на Бејрут загинале 22 луѓе (Фото: Гети)

    Нема докази дека водството на Хезболах или сириската влада биле вмешани во убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири во 2005 година, објави Специјалниот суд за Либан во Хаг, ставајќи крај на случајот кој долго време го оптоваруваше регионот.

    Харири и уште 21 лице загинаа, а повеќе од 220 луѓе беа повредени во нападот со автомобил бомба на неговиот конвој во Бејрут и ова беше пресвртен момент за Либан и ја обликуваше тамошната политика во наредните години. Тоа, исто така, ја принуди Сирија да ги повлече своите сили од Либан по цели 29 години. Сирија и Хезболах цело време ја негираа вмешаноста во нападот.

    За убиството директно беа обвинети четворица припадници на Хезболах, на кои им се судеше во отсуство во Хаг. Само еден од нив, Салим Ајаш, е прогласен за виновен за заговор да се изврши терористички чин.

    „Иако Сирија и Хезболах можеби имале мотиви да ги елиминираат Харири и неговите политички сојузници, судот утврди дека нема докази за вмешаноста на водството на Хезболах и на сириската влада во убиството на Харири“, изјави судијата Дејвид Ри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира