Најмалку 13 луѓе загинаа во стампедо во Лима откако полицијата упаднала во ноќен клуб кој ги прекршил рестрикциите воведени поради коронавирусот.
Министерството за внатрешни работи кажа дека шест лица се повредени, од кои тројца полицајци, а 23 се приведени.
Перу во март воведе целосна забрана за движење во ноќните часови, а овој месец повторно ги забрани големите собири. Оваа јужноамериканска држава е тешко погодена од пандемијата, потврдувајќи над 576.000 случаи на зараза и повеќе од 27.000 починати од ковид -19.
Полицијата кажа дека околу 120 луѓе присуствувале на илегалната роденденска забава, а откако била направена рација, тие се обиделе да избегаат низ единствениот излез, при што останале заглавени на скалите.