ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ПО ПРВОТО РОЧИШТЕ, НА КРИВИЧНИОТ СУД МУ ТЕКНА ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ЗАБРЗА СУДЕЊЕТО ЗА УРИВАЊЕТО НА „КОСМОС“ НА ФИЈАТ ЦАНОСКИ

    ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ПО ПРВОТО РОЧИШТЕ, НА КРИВИЧНИОТ СУД МУ ТЕКНА ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ЗАБРЗА СУДЕЊЕТО ЗА УРИВАЊЕТО НА „КОСМОС“ НА ФИЈАТ ЦАНОСКИПоранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта е првообвинет во предметот „ТНТ“, но од 13 ноември тој е во Будимпешта, каде што доби азил од унгарските власти. - Груевски на рочиште од „ТНТ“ (архивска фотографија)

    Предметот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски денеска продолжи со презентација на дел од материјалните докази на обвинителството, претходно селектирани од обвинителот, а по барање на одбраната, соопшти Основниот кривичен суд. Од Кривичниот суд велат дека ваквиот начин на презентација е со цел економичност на постапката, со оглед на тоа што истите докази веќе беа презентирани пред судењето да почне од почеток заради измена на судечкиот совет.

    „За главната расправа насрочени се повеќе термини во следниот период со цел да се даде поголем интензитет на судењето“, велат од Кривичиот суд.

    Судењето за „ТНТ“ почна на 24 јануари 2018, а на 13 јануари 2020 почна одново откако една од судиите-поротници си даде неотповиклива оставка од судечкиот совет. Во меѓувреме, првообвинетиот Никола Груевски избега во Унгарија.
    Покрај Груевски, обвинети за Злоупотреба на службената положба и овластувања во „ТНТ“ се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, ексградоначалникот на Општина Гази Баба Тони Јакимовски и уште четворица вработени во општината. Во 2011 година, на Цаноски му беше срушен комплексот „Космос“, откако ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде во опозиција.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира