КАЈАКАРСКА ТУРА В НЕДЕЛА ВО СТРУГА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    КАЈАКАРСКА ТУРА В НЕДЕЛА ВО СТРУГА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИКајакарската тура започнува со впловување на излез од Струга, пред селото Враништа на крај се стигнува до новата викенд населба Глобочица. (Фото: Здружение Ретки болести Охрид)

    На 30 август во Струга ќе се организира веслачка тура со кајаци под мотото „Весламе за ретките“. Со настанот, велат организаторите, сакаат да дадат поддршка на околу 300.000.000 пациенти со ретки болести во светот во нивната борба за навремена, точна и бесплатна дијагноза, пристапност и достапност на лековите кои значат живот.

    Кајакарската тура започнува со впловување на излез од Струга, пред селото Враништа кај т. н. Шумски мост, се весла покрај селата Враништа, Ложани, Дабовјани, Ташмаруништа, продолжува во близина на селото Прискупштина и на крај се стигнува до новата викенд населба Глобочица, веслајќи над истоименото потопено село.

    „Поддршката за ретките пациенти значи многу ако се земе во предвид дека само за 5% од нив има некава терапија за која процедурите за набавка се премногу комплексни“, велат организаторите.

    Настанот е во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ и хотел „Боград апартментс “ од Струга со поддршка на здружението Ретки болести Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира