РУСИЈА ПОВТОРНО СЕ ОБИДУВА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ДА СЕ МЕША ВО ИЗБОРИТЕ ВО САД, ВЕЛАТ ФЕЈСБУК И ТВИТЕР

    РУСИЈА ПОВТОРНО СЕ ОБИДУВА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ДА СЕ МЕША ВО ИЗБОРИТЕ ВО САД, ВЕЛАТ ФЕЈСБУК И ТВИТЕРФејсбук кажа дека руската операција била откриена во рана фаза, па не допрела до многу луѓе (Фото: Гети)

    Руската група која се мешаше во претседателските избори во САД во 2016 повторно се обидува да го прави истото преку мрежа на лажни профили и интернет страница замаскирана во левичарски информативен сајт, објавија Фејсбук и Твитер.

    Фејсбук кажа дека растурил мала мрежа која била дел од руска операција за влијание врз изборите и која се поврзува со Истражувачката интернет агенција (ИРА), организација поддржана од Кремљ. Твитер, пак, суспендирал пет профили од истата мрежа.

    Во центарот на операцијата е „ПисДата“, кој тврди дека е непрофитен информативен сајт на англиски и арапски јазик.

    Фејсбук објави дека отстранил 13 профили и две страници кои имале за цел да влијаат врз јавната дебата во САД и во други држави.

    „Оваа операција постигнала многу мал успех. Страницата на англиски јазик добила само 200 следбеници“, објави Фејсбук.

    ИРА е една од трите руски компании кои министерството за правда на САД ги обвини за мешање во изборите во 2016.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира