Петте деца кои попладнево беа пронајдени мртви во стан во западногерманскиот град Солинген најверојатно се убиени од нивната мајка, соопшти полицијата. Дваесет и седумгодишната мајка се обидела да се самоубие 35 километри подалеку, скокајќи пред воз на железничката станица во Диселдорф и сериозно е повредена. Таа се наоѓа под полициска заштита во болница.
Полицијата не објави многу детали за трагедијата, ниту откри како се убиени децата, кои биле на возраст од една до осум години.
Одговорајќи на повик од бабата на децата, која живее во Менхенгладбах, полицијата дошла во станот, каде што ги пронашла телата на три девојчиња и на две момчиња. Шесто дете на возраст од 11 години е единственото преживеано.
„Позадината и други детали на трагедијата засега не се познати. Целата полиција е ангажирана на случајот“, изјави портпаролот на полицијата Штефан Вајанд.