ПЕТТЕМИНА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА СЕ ОД ИСТ ФАМИЛИЈАРЕН КЛАСТЕР

    ПЕТТЕМИНА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА СЕ ОД ИСТ ФАМИЛИЈАРЕН КЛАСТЕРВо Битола има 43 активни случаи, а од почетокот на пандемијата до сега бројката на пациенти кај кои болеста била во тек најмногу се имаше искачено на седумдесетина. - Од дезинфекција та на јавни површини во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Петмина од шесте новозаболени битолчани со ковид-19 денес се поврзани со еден фамилијарен кластер, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола. Сите тие дале податок дека биле во контакт со веќе регистрирано позитивно лице на коронавирус.

    Инаку, шесте битолчани со ковид-19 заведени во денешниот здравствен билтен се на возраст од 11 до 78 години. Според ова, меѓу нив има и 11-годишно дете, а во вчерашниот билтен пак, имаше 13-годишен битолчанец заболен со ковид-19.

    Најмалиот пациент заболен во Битола од почетокот на пандемијата до денес беше три месечно бебе, а највозрасен битолчанец на 89 години. Во Битола има 43 активни случаи, а од почетокот на пандемијата до сега бројката на пациенти кај кои болеста била во тек најмногу се имаше искачено на седумдесетина.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 14.871, од кои оздравеа 12.054, починаа 609, а активни се 2.208.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира