ВЛАДИНА КОМИСИЈА ЌЕ КАЖЕ КОИ ШКОЛИ ЌЕ ИМААТ НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, РЕЧЕ ЦАРОВСКА

    ВЛАДИНА КОМИСИЈА ЌЕ КАЖЕ КОИ ШКОЛИ ЌЕ ИМААТ НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, РЕЧЕ ЦАРОВСКАЦаровска рече дека нациoналната платформа за учење од далечина наскоро ќе биде претставена пред јавноста, и дека училиштата ќе почнат да се спремаат за настава и со физичко присуство и за онлајн настава. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Триесет и шест училишта, од кои 21 од основно образование и 15 од средно, поднеле барања за настава со физичко присуство, кажа денеска министерката за образование Мила Царовска. Рокот за поднесување е до денеска, но законски ќе почекаат уште три дена за да стигнат по пошта.

    Царовска рече дека нациoналната платформа за учење од далечина наскоро ќе биде претставена пред јавноста, и дека училиштата ќе почнат да се спремаат за настава и со физичко присуство и за онлајн настава.

    За тоа кои училишта ќе може да држат настава со физичко присуство, ќе одлучува владина комисија во која има претставници од Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести.

    Министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју за Радио Слободна Европа, кажа: „Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа“.

    Царовска на денешната прес-конференција го претстави мандатното писмо кое го доби од премиерот Зоран Заев, во кое меѓудругото истакна дека еден од приоритетите ќе ѝ биде подобрување на оценките на меѓународните и домашните тестирања.

    „Само со соработка помеѓу наставници, ученици и родители ќе ги подобриме и овие резултати. Ќе инвестираме и во подобрување на условите за учење. Ќе реконструираме училишта, но и нема да ги заборавиме ниту студентските домови“, рече министерката.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира