АКО НЕ ПА НА БУЛЕВАР ДА СЕ СОБЕРЕМЕ И ДА ДРЖИМЕ СЕДНИЦИ ШТОМ НЕЈЌАТ ПРАТЕНИЦИТЕ ОНЛАЈН, БАРА НАЧИНИ ЏАФЕРИ ДА ПРОРАБОТИ СОБРАНИЕТО

    АКО НЕ ПА НА БУЛЕВАР ДА СЕ СОБЕРЕМЕ И ДА ДРЖИМЕ СЕДНИЦИ ШТОМ НЕЈЌАТ ПРАТЕНИЦИТЕ ОНЛАЈН, БАРА НАЧИНИ ЏАФЕРИ ДА ПРОРАБОТИ СОБРАНИЕТОКај претседателот на Собранието Талат Џафери стигнати се веќе предлог-измените на законот за основно и средно образование, од претседателот Стево Пендаровски пет или шест одлуки за прогласување вонредна состојба. - Од денешниот брифинг на Џафери (Фото: СДК.МК)

    Штом денеска го добие извештајот од сработеното на Комисијата за избори и именувања, спикерот Талат Џафери ќе закаже седница во понеделник на која ќе се изгласаат собраниските работни тела. Без нив тоа не може да почне да работи и да функционира.

    Втора точка ќе биде верификација на мандатот на пратеничката на местото на Јагода Шахпаска, која беше избрана за министерка за труд и социјала.

    Кај Џафери стигнати се веќе предлог-измените на законот за основно и средно образование, од претседателот Стево Пендаровски пет или шест одлуки за прогласување вонредна состојба.

    Но, мнозинството досега нема за верификација на мандатот на пратеничката. Шахпаска е министерка, пратеникот Зибери од ДУИ е во болница.

    „Арбен Зибери е во добра здравствена состојба и денес може да биде пуштен од Инфективната клиника, ако на денешниот последен тест е негативен. Ако има решение за продолжување на изолацијата, а има негативен тест , може да дојде да гласа во посебна кабина. Ако е позитивен, нема да може да дојде”, рече Џафери.

    Потоа праша: „Што ако се разболат пратеници, ќе се стави клуч на Собранието? Треба да размислиме за алтернативни решенија. Треба тоа да се регулира. Со посебни прописи мора да се регулира работење во вонредна состојба, пандемија, пожар, земјотрес..”, рече тој.

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не сака да чуе за работа онлајн. Ни од собраниските канцеларии, ни од дома.

    „Па Шпанскиот сенат се состана онлајн и го ратификуваше договорот за пристап на нашата држава кон НАТО. Зошто ние да не можеме? Што да правиме, да се состанеме на булевар и да работиме? И ова под куполата не ги исполнува сите пропишани протоколи”, побара Џафери да се размисли итно за оваа работа, особено што се најавува засилување на пандемијата наесен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира