На две недели пред почетокот на новата учебна година, Министерството за образование и наука (МОН) објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на Националната платформа за учење на далечина.
Мотото на повикот е „Од учениците, за учениците“, и е отворен за учениците од сите основни и средни училишта во земјава. Тие можат да учествуваат индивидуално или во групи до четворица ученици, со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија.
Преку Платформата ќе се реализира учењето на далечина, и ќе се овозможи разработка и совладување на материјата предвидена во наставните програми за сите одделенија во основното и средното образование, преку одржување двонасочна комуникација на едноставен и прифатлив начин за сите.
Идејните решенија треба да се достават на [email protected] најдоцна до 22 септември (до 16 часот). Најдобрите 5 решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на Националната платформа за учење на далечина, а решението со најголем број освоени гласови од учениците, ќе биде избрано за официјално, додека за авторот/авторите ќе следува пригодна награда обезбедена од МОН и УНИЦЕФ.