МВР НАЈДЕ 2 ОСТАВЕНИ ВАГИ ПО ПРИЈАВА ЗА ТЕМПИРАНА БОМБА ПРЕД „СИЛБО“ НА ПАРТИЗАНСКА ВО СКОПЈЕ

    МВР НАЈДЕ 2 ОСТАВЕНИ ВАГИ ПО ПРИЈАВА ЗА ТЕМПИРАНА БОМБА ПРЕД „СИЛБО“ НА ПАРТИЗАНСКА ВО СКОПЈЕПријавителот дал опис дека оставените чудни предмети зујат, по што бил затворен булеварот Партизански одреди под сомневање дека тоа е темпирана бомба, но екипата за антитероризам на МВР утврдила дека тоа биле само две ваги за мерење. (Фото: СДК.МК)

    Пријава во 19.10 часот вечерва дека е активирана бомба на булеварот Партизански одреди во Скопје спроти пекарата „Силбо“ го крена алармот на МВР, но екипата за антитероризам утврдила дека тоа биле само две ваги за мерење.

    Пријавителот дал опис дека оставените чудни предмети зујат, по што бил затворен булеварот под сомневање дека тоа е темпирана бомба.

    „Само што се утврди дека станува збор за две ваги. Се истражува чии се, како се нашле на местото и зошто. Случајот се расчистува“, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира