НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО ТАЈЛАНД ПО ПОШТА ЌЕ ИМ ГО ВРАЌА ЃУБРЕТО НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

    НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО ТАЈЛАНД ПО ПОШТА ЌЕ ИМ ГО ВРАЌА ЃУБРЕТО НА ПОСЕТИТЕЛИТЕМинистерот за животна средина објави фотографии од ѓубрето што било собрано изминатиот викенд (Фото: Фејсбук)

    Национален парк во Тајланд ќе почне по пошта да им го враќа ѓубрето на оние кои го оставиле зад себе. Оние кои загадуваат исто така ќе бидат пријавени во полиција.

    Посетителите на популарниот парк Као Јаи во близина на Бангкок мора да се регистрираат и да напишат своја адреса за да можат вработените да ги пронајдат ако остават ѓубре зад себе.

    Министерот за животна средина Варавут Силпа-арча објави фотографии од ѓубрето што било собрано изминатиот викенд, за кое кажа дека ќе им биде испратено на посетителите.

    „Ова е вашето ѓубре што ви го враќам назад“, напиша министерот на Фејсбук и предупреди дека загадувањето на националниот парк е прекршок и може да се казни со затвор и со висока парична глоба.

    Властите на паркот велат дека оставеното ѓубре е опасност по животните кои би можеле да го јадат. Као Јаи е најстариот национален парк во Тајланд и е познат по своите водопади и пејзажи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира